среда, 12. децембар 2018.

Никогаш не потценувајте никого!

Си живеел еден човек, кој што со своето кајче, ги превезувал патниците од едниот до другиот крај на реката. Си ја сакал работата и уживал во неа. Еден ден во кајчето се качил некој учител кој што бил многу горд на себе, бидејќи знаел да зборува повеќе јазици и со тоа сакал многу да се истакнува. Додека се возеле во кајчето учителот на друг јазик го прашал нешто човекот. 
- Не те разбирам - рекол човекот
- Зар не си учел во училиште друг јазик освен твојот мајчин?
- Не - одговорил човекот
- Тогаш половина од својот живот си го потрошил залудно - рекол учителот
На тоа човекот не кажал ништо и продолжил да весла со кајчето. Но, набрзо неочекувано се случило страшно невреме. Почнале да удираат громови, да врне многу дожд, а кајчето било многу мало и неможело да се спротистави на таквото невреме.
- Дали некогаш си учел да пливаш - го прашал човекот својот патник
- Не, никогаш - одговорил учителот
- Учителу морам да ти кажам дека залудно си го потрошил својот живот затоа што ние во моментов тонеме.

Никогаш не потценувајте никого!

Си живеел еден човек, кој што со своето кајче, ги превезувал патниците од едниот до другиот крај на реката. Си ја сакал работата и уживал...